Русите направија дизелски мотор со гаранција дека ќе издржи 1 милион километри

ОБЈАВЕНО НА:

Во Русија во фабриката за мотори во Јарослав почна да се произведува нов дизелски мотор, за кој уште од самиот почеток се тврди дека ќе биде со гаранција за над милион километри. На официјалната церемонија фабриката за мотори во Јарослав веќе го претстави V8 турбoмоторот YаMZ-6580.

Агрегатот YаMZ-6580 e длабоко мoдeрнизирaн YаMZ-6585. Иновацијата е со сменети системи за подмачкување и ладење, електронскиот блок за управување е препрограмиран и турбото е заменето со ново помоќно. Новиот турбодизел YаMZ-6580 се одликува со зголемена моќност.

Моторот произведува 530 коњски сили додека неговиот претходник развиваше само до 420 коњски сили. Програмерите уверуваат дека преработениот мотор не станал поненаситен и ги зачувал предностите на семејството YаMZ-658 – очекувано да бидат поминати до еден милион километри и евтина поддршка.

Конфигурацијата и работниот обем на моторот YаMZ-6580 не се изменети. Овој 14.85-литарскиот осумцилиндричен мотор има V-oбрaзнa aрхитeктурa. Подобрувањата во производството се постигнати и кај зголемувањето на производството на пумпата за масло, новиот електронски блок за управување на моторот и различниот систем за ладење на клиповите.

До крајот на годината се планира производство на 100 мотори. Моторот ќе се користи за камионите УРАЛ, за машините во стопанството и за дизел генераторските комплети.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK