Полнењето електрични возила во Германија секаде е поскапо од дизел!

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од големите аргументи на поборниците за електрични автомобили се пониските оперативни трошоци во однос на бензинските и дизел автомобили. Сервисите се поевтини, а се чинеше дека тоа ќе биде ситуација и со струјата односно вкупната потрошувачка.

Сепак, колегите од автоклубот од Германија (ADAC) го докажаа спротивното. Имено, во моментов да се поседува електричен автомобил и не е така евтино барем од перспектива на полнење и плаќање на одговарачка цена.

Од ADAC велат дека во јуни просечната цена на горивото беше 108,6 центи, а по просечната потрошувачка Golf TDI со 150 коњски сили (4,8 литри) цената на горивото на 100 километри би била околу 5,21 евра.

Од друга страна, eGolf во просек во реални услови троши 17,3 kWh на 100 километри, a цената на потрошената енергија (доколку возилото се полни в домашни услови) е 5,36 евра. Значи, идејата дека секојдневните трошоци на електрични автомобили ќе ја оправда поголемата цена, не држи.

Ситуацијата е уште полоша доколку полните надвор, на пример на мрежата за полнење Ionity на автопат. Цената на 100 километри за електричен Golf во тој случај рсте на дури 13,32 евра што е за повеќе од двојно поскапо во однос на 100 километри за дизел Golf.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK