Уште една вест доаѓа од САД која ќе оди во прилог на конкурентите и хејтерите на Tesla.
Само неколку моменти откако му го испорачале моделот Y, возејќи се кон својот дом, новиот сопственик останал без покривот на возилото. Оваа вест и видео го објави сопственикот на Reddit.
Инаку ова не е прва ваква вест поврзана со Tesla. Многу купувачи на некој од моделите на американскиот производител се пожалија дека испорачаните примероци се со неколку фалинки или оштетена каросерија.