Opel Crossland со ново лице

ОБЈАВЕНО НА:

Три години по појавувањето во понудата, Opel го обнови моделот Crossland. Рестилизирањето доаѓа само неколку денови откако германскиот производител ја објави новата генерација на Mokka.

Единствената измена е во предниот дел односно браникот, светлата и маската за ладилникот која е инспирирана токму од онаа кај новата Mokka.

Во однос на задниот и страничниот дел нема некој повпечатливи измени. Сепак тука се новите двобојни комбинации како и алуминиумски фелни.

Opel Crossland

Ентериерот пак останува целосно идентичен како и кај актуелната генерација со тоа што има вградено нова генерација на софтвер наменет за инфотејнмент системот.

Во однос на мотористиката, во понудата остануваат истите мотори. Бензинскиот 1,2 литарски како и 1,5 литарски дизелски мотор.

Opel Crossland

Инаку овој модел Opel го претстави во 2016 година, а веќе следната година влезе во производство во фабриката на Opel во Сарагоза, Шпанија. Се темели целосно на PF1 платформата на PSA која се користи и кај Citroen C3 Picasso и Peugeot 2008.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK