JAGUAR XE: Обновен и со нова хибридна технологија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Jaguar XE стана уште една понуда на пазарот на Jaguar Land Rover, која поминува низ програмата за надградба и ги добива најновите решенија за поврзаност на компанијата, како и нова електрифицирана хибридна (mild) верзија.

Новата електрифицирана (MHEV) верзија на Jaguar XE e опремена со дволитарски дизел мотор со максимална моќност од 204 коњски сили (+24 коњски сили) и е во состојба да ги помине секои 100 километри со 4,8 литри гориво, како и да забрза од 0 до 100 км/ч за 7,3 секунди.

Секоја една од модификациите на Jaguar XE е конфигурирана со осумстепен автоматски менувач, а како дополнилтена опрема се нуди и интелигентен систем за погон на сите четири тркала.

Новост во опремувањето на Jaguar XE се целосно новиот волан, ревидираните седишта, системот за филтрирање и јонизација на воздухот што влегува во внатрешниот дел од возилото, целосно диодно осветлување и други.

Благодарение на интегрирањето на најновата верзија на системот Pivi Pro, XE може да се пофали со непрекината интернет врска, како и втора генерација на функција Activity Key.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK