Во Скопје во недела половина од изречените глоби биле за брзо возење

ОБЈАВЕНО НА:

Викендов продолжи акцијата на МВР за контрола на сообраќајот и само во неделата во Скопје биле изречени 286 санкции. Иако е неработен ден, оние што се вклучиле во сообраќајот направиле прекршок.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.09.) на територијата на град Скопје изрече вкупно 286 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола биле казнети 13 лица а за пречекорување на дозволената брзина на движење биле санкционирани 150 учесници.

Во тефтерот на полицијата влегле и уште 14 возачи кои управувале нерегистрирани возила, а биле санкционирани уште 11 мотоциклисти, плус имало и 53 мерки за непрописно паркирање, а изречени се и 44 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK