Скопјани со старите навики – за една недела пајакот собра 358 возила

ОБЈАВЕНО НА:

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 368 возило, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

Ако мислевме дека возачите во Скопје се научија на сообраќајна култура, тогаш тоа било само привремено или привидно. Како што почнува се да функционира во градот така продолжуваат и старите навики. Сообраќајната (не) култура повторно се враќа. Се паркира кој каде стигне, се вози лудо, има метеж на улиците…

Во текот на изминатата недела (17.09 – 23.09.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 358 возила од јавните површини потврдуваат од Градот Скопје.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 28 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 330 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 368 возило, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 28 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето. 🅿️

Следете не и на:

24AUTO NETWORK