SKODA FABIA COMBI наполни 20 години

ОБЈАВЕНО НА:

После 20 години од воведувањето на возилото во продажба, SKODA FABIA COMBI може да се пофали со 1,5 милиони произведени примероци, вклучувајќи ја и својата леснотоварна верзија PRAKTIK

Годинава е јубилејна за SKODA FABIA COMBI која одбележува 20 години од светската премиера за време на меѓународниот саем во Париз.

Лансирана на пазарот една година после стапувањето на сцена на верзијата хечбек од моделот, FABIA COMBI брзо привлече нови клиенти за брендот, кои беа привлечени како од внатрешната пространост на возилото, така и од товарната носивост од 426 до 1225 литри.

После 20 години од воведувањето на возилото во продажба, SKODA FABIA COMBI може да се пофали со 1,5 милиони произведени примероци, вклучувајќи ја и својата леснотоварна верзија PRAKTIK, која се израмнува на 34% од сите реализирани претставници на моделот Fabia како целост од трите генерации.

Еден од најинтересните претставници во модификациското портфолио на SKODA FABIA COMBI низ годините е RS, која беше претставена со втората генерација на моделот (2010-2014 година). Со карактеристичен дизајн, контрукциски и инженерски елементи, комбито беше опремено со 1.4-литарски TSI турбоагрегат, кој нуди максимална моќност од 180 коњски сили и роботизиран 7-степен автоматски менувач.

Од првата генерација на SKODA FABIA COMBI (2000-2006) се произведени 574.600 единици, од втората (2007-2013) 513.400, а од третата до овој момент се произведени 382.900 возила.

 

[totalpoll id=”43475″]

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK