Vоlkswаgеn тестира огромно SUV (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Папараци успеаја да фотографираат тест примерок на новиот Vоlkswаgеn, кој ќе стане најголемиот СУВ во понудата на брендот. Со должина од 5,1 метри новиот СУВ ќе навлезе во територијата на гиганти како што е Саdillас Еsсаlаdе.

Иако е скриен со делумна камуфлажа, прототипот очигледно е сериска верзија на минатогодишниот концепт, Vоlkswаgеn SMV, кој изгледаше подготвен за транспортер уште за време на дебито на саемот во Шангај.

На фотографиите на саемот се гледа хоризонтален панел, кој „виси“ под централниот дел на арматурната табла.

Се очеува новото СУВ да добие два бензинови мотори. Се работи за 2.0-литарскиот турбомотор, кој ќе може да развие 200 коњски сили, а атмосферскиот V6 cо обем од 2.5-литри достигнува до 300 коњски сили. Менувачот и во двете конфигурации ќе биде седумстепен роботоризиран.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK