Прв рендер од Maserati Grecale

ОБЈАВЕНО НА:

Иако премиерата е закажана за кон крајот на годинава, на интернет се појави првиот рендер од новиот SUV на Maserati, Grecale.

Рендерот доаѓа само неколку денови по најавата односно една недела по премиерата на првиот целосно електричен модел на италијанскиот производител, MC20.

Овој SUV модел димензионално ќе биде помал од Levante и ќе се позиионари токму под овој модел. Ќе ја дели архитектурата и технологијата со Alfa Romeo Tonale кој исто така треба да се појави во продажба во текот на следната година.

Нова информација која се појави во меѓувреме е и дека овој модел ќе биде достапен со 3,0 литарски twin-turbo V6 бенинзски мотор како и 2,0 литарски mild-hybrid бензински мотор со 325 КС.

Со овој модел, италијанскиот производител ја најавува експанзијата која ја најави уште Серџо Маркијоне. Во следните неколку месеци ќе се појават и наследниците на GranTurismo и GranCabrio.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK