Според официјалните податоци на германските институции, минатата година во оваа земја се пријавени 14.229 кражби на возила со каско осигурување.
Здружението на осигурителните компании наведуваат дека со ова е остварена штета од околу 280 милиони евра, а објавија и кои возила најмногу се крадат.
Втората генерација на BMW X6 е најкраденото возило, а за крадците минатата година интересни биле и Land Rover Velar и Mazda CX-5. Дури три модели на Toyota се наоѓаат на оваа листа што го прави јапонскиот производител најпримамлив за крадците. Така на оваа листа се најдоа моделите Prius, GT86 и Rav4 како и Lexus CT200 и Lexus NX1.
На листата се наоѓаат уште и Land Rover Range Rover и Renault Talisman.