Еуроимпекс е избран за генерален увозник на Opel за пет земји од регионот – и Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Основана во 1990 како мала компанија со тројца вработени, за трите децении на своето постоење ЕУРОИМПЕКС остварува сериозно голем развој, каде покрај Пежо го превзема работењето и на Опел, а со тоа превзема уште еден бренд од групацијата ПСА.

Opel отиде чекор понапред во развој на својата бизнис стратегија на пазарите во Европа, објавувајќи го новиот соработник и увозник за Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Со цел да се постигне саканиот пораст во регионот, производителот донесе одлука бизнисот во овие неколку земји да го довери на веќе добро познатата и успешна компанија ЕУРОИМПЕКС како почитуван независен локален увозник и соработник.

Договорот е потпишан. Со завршниот дел од оваа трансакција, ЕУРОИМПЕКС станува генерален увозник за Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Сите вработени лица во канцеларијата на пел одговорни за овие пазари, согласно законите ќе бидат превземени од компанијата најдоцна на денот на завршување на трансакцијата.

Трансакцијата и лансирањето на новиот бизнис модел, ќе бидат активирани по официјалното одобрување од надлежните инситуции за заштита на конкуренцијата.

Одлуката уште еднаш потврдува дека сè се одвива согласно целите зададени во нашиот PACE! стратегиски план. Овој нов модел ќе допринесе нашите продажни планови во почитуваните земји, да бидат поагилни, ефикасни и согласно истото, поконкурентни,“ изјави г-динот Хавиер Дукемин, Извршен директор за продажба, пост-продажба и маркетинг во Opel/Vauxhall и додаде: „длабоко сме уверени дека по оваа одлука нашиот бренд ќе има многу подобри резултати во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.“

ЕУРОИМПЕКС ја започна соработката со Пежо брендот во 1992 година, а првиот Договор за соработка беше потпишан во 1994 година. ЕУРОИМПЕКС веќе пет (5) години е генерален увозник за Пежо за сите пет (5) погоре споменати балкански земји. До почетокот на оваа соработка, повеќе од 20.000 Пежо возила се продадени.

Во 2019 година, на територија на Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, 2.500 Опел возила беа продадени, врз основа на што се предвидува раст на брендот во годините кои следат.

Соопштение на Еуроимпекс

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK