Напредокот на технологијата понекогаш со себе носи и други проблеми, морални, правни… а со оглед на тоа што во светот сè повеќе има автомобили кои самите возат (self driving cars) правните стручњаци во САД начнаа една тема која е исклучително интересна и деликатна.
Главното прашање на кое се бара одговор е: „Кој ќе ја плати казната за сообраќаен прекршок кој ќе го направи автомобилот кој вози самиот?“ Авторите на системот за автономно возење ќе речат дека нема шанси автомобилот кој вози самиот да направи грешка, но досегашното искуство говори дека техниката не е семожна и знае да направи грешка. А грешка во сообраќајот многу често за последица има тешки повреди или смрт.
Иако поставеното прашање делува банално, одговорот на него е исклучително важен особено во САД. Да се почне од баналниот прекршок. Кој ќе ја прати казната на пример за непрописно паркирање кога автономниот автомобил ќе се паркира на место на кое тоа не е дозволено? Дали законодавецот ќе му прати казна на возачот, сопственикот на автомобилот или на компанијата која го има конструирано автономниот автомобил? Колку и да изгледа тоа можеби необично, сепак, ова се важни детали на кои ќе треба да се најде одговор пред масовно користење на автономни автомобили во секојдневниот промент.
Освен на прв поглед бенигните прекршоци сигурно ќе се случуваат и автономниот автомобил по грешка ќе вози во погрешен правец во еднонасочен пат, ќе предизвика сообраќаен прекшрок, дури и со смртни последици. Правниците се сложни дека одговорот на ова прашање треба точно да се прецизира пред масовната употреба на автономните возила и тоа не треба да се препушта на судовите, кои реагираат дури и кога до таква ситуација ќе дојде во практика. Според сите работи ова се правните прашања кои треба да се разрешат во следните години инаку ништо од автономни автомобили односно од автомобили кои ќе возат самите.