ДАЛИ ЗНАЕТЕ – Најдолгиот мост во светот е 55 км. и чинел 18,5 милијарди долари

ОБЈАВЕНО НА:

Мостовите се голем предизвик за архитектите, па често се воодушевуваме од нивните идеи како да се поврзат одредени делови. И тие најчесто поврзуваат два брега од неколку стотина метри, и додека вие се движите по него долу ја гледате провалијата која постои. Но, дали знаете кој е најдолгиот морски мост во светот?

Не е во Европа. Се наоѓа во Кина и мостот „Хонг Ког – Зухаи – Макао Бриџ“ има 55 км. Отворен за користење е есента 2018 година, а градењето чинело 18,5 милијарди долари.

Со користење на овој мост патувањето од Хонг Конг до Зухаи од претходните 3 часа сега е само 30 минуто. За да се создаде овој мост требало да се создадат и два вештачки острови, па постои и тунел под вода на длабочина од 40 метри со должина од 6,7 км. Направен е да може непречено да функционира бродскиот сообраќај.

За иарботката на мостот биле потрошени 420.000 тони челик. За споредба од тој челик може да се направат 60 ајфелови кули!

На мостот може да се движат само оние со специјална дозвола. За приватни автомобил се бара исто така дозвола, и мостот најчесто е предвиден за користење на приватните автобуси и камионите за превоз на стока.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK