Ќе биде ли ова првиот кросовер на Lancia?

ОБЈАВЕНО НА:

Понудата на Lancia веќе 10 години е сведена на само еден модел – Ypsilon. По спојувањето на Fiat и Chrysler, Lancia беше во целост маргинализирана, но со споувањето на FCA и PSA се погласни се гласините за повторно заживување на овој бренд.

Изминатите неколку месеци видовме рендери за новата Ypsilon, Musa и Delta, а сега се појави и првиот рендер за можниот изглед на првиот кросовер на овој италијански бренд.

Очекувано, истиот е инспириран од новата Opel Mokka. Тоа значи дека овој B-SUV модел во целост ќе ја користи платформата на CMP на PSA Групацијата, а ќе ја дели и преостанатата технологија.

Иако нема никаква потврда за заживувањето на овој бренд, изјавата на Таварез, првиот човек на PSA Групацијата од пред некој месец, дава надеж дека тоа би можело да се случи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK