Владата сакала да ги спои Honda и Nissan – компаниите одбиле

ОБЈАВЕНО НА:

Владта на Јапонија во текот на минатата, 2019 година работела на спојување на Nissan и Honda. Оваа вест ја објави Financial Times повикувајќи се на написите објавени во The Japan Times.

Весникот наведува дека владините службеници биле многу загрижени за односот помеѓу Renault и Nissan по објавувањето на скандалот за затајување и финансиски измами од страна на Карлос Гон. Тоа придонело на маса на владините седници да се најде и овој предлог, а целта била да се спаси Nissan.

Овој предлог бил испратен и до двете компании меѓутоа и двете дале негативен одговор по што Владата на Јапонија се повлекла од понатамошни активности за спојување на овие два гиганти.

Од денешна перспектива се чини дека Nissan, засега успешно се справува со кризата. Намали дел од фиксните трошоци како и портфолиото на производи од 69 на 55. Дополнително, значително внимание посвети и на иднината објавувајќи неколку нови модели како Armada, Ariya како и обновените Note, Qashqai, Rogue…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK