Во Jeep сите се гневни по премиерата на Mahindra Thar

ОБЈАВЕНО НА:

Mahindra и официјално ја претстави новата, десетта генерација од моделот Thar. Иако индијскиот производител тоа го направи со големо задоволство, сепак во Jeep сите се гневни на овој потег на Mahindra.

Причината може да се увиди уште од првиот поглед на овој модел. Дизајнот е речиси идентичен како и на моделот Wrangler.

Jeep пред неколку години го тужеше овој производител за плагијат, меѓутоа од Mahindra се извадија со некои договор од 60-те години на минатиот век според кој овој производител има право да го произведува моделот Wrangler со класичен дизајн.

Инаку што се однесува до самиот модел, станува збор за SUV со класичен дизајн кој е достапен во шест бои (Red Rage, Mystic Copper, Napoli Black, Aquamarine, Galaxy Grey и Rocky Beige).

Mahindra Thar

Во споредба со претходната генерација, новата, доаѓа со подновена шасија, збогатена опрема (мултимедијален инфо диспелј, инфотејнмент систем, темпомат, задна камера…), нови алуминиумски 18 инчни фелни…

Mahindra Thar

Во поглед на моторите, ценрално место зазема новиот 2,0 литарски бензински мотор со 152 КС, а тука е и 2,2 литарскиот дизелски со 132 КС. И двата се достапни во комбинација од 6 степен мануелен и 6 степен автоматски менувач.

Продажбата започнува во октомври, а покрај во Индија ќе се продава на сите останати пазари каде овој бренд е застапен.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK