Ferrari со големи очекувања за 2020 година – минимум милијарда евра профит!

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанскиот луксузен бренд Ferrari има големи амбиции за оваа деловна година и покрај кризата и негативните последици предизвикани од коронавирусот.

Според новиот ревидиран план за оваа година, компанијата очекува да ја заврши годината со профит помеѓу 1,05 и 1,2 милијарди евра, пренесува Блумберг.

Во вториот квартал годинава, Ferrari оствари продажба од 571 милиони евра што е идентично колку и планираното. Голем пораст има кај нето приходот кој изнесува 9 милиони евра што е за речиси четири пати повеќе од планираните 2,3 милиони евра.

Овие очекувања ги оправдува фактот што Ferrari беше еден од ретките производители кои не скрати работни позиции, а ниту платите на вработените за време на пикот од коронавирусот во Италија во март и април.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK