После две децении Nissan има ново лого

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Nissan се придружи на сè поголемата група на произведувачи, кои одлучија оваа година да го редизајнираат својот заштитен знак. Новото лого, Nissan го претстави на дигиталната премиера.

Изборот падна на електричен новитет, елегантниот модел Ariya. Обновеното лого од брендот е јасно истканато на централниот дел на аеродинамичниот штит-маската, благодарение на 20 LED светлосни елементи кои го опкружуваат. Долниот дел на штитот, како и логото благо ќе засвети кога Ariya е подготвена за движење.

Во Nissan велат дека обновеното лого на брендот е израз на посветеноста на Nissan во развојот на иновациски решенија низ рушење на воспоставените конвенции. Ако не сте знаеле, во дизајнот на логото се задржани симболи на сонце и препознатливи препреки. Логото на Nissan не е битно изменето во последните две децении. Како и кај другите брендови неговата улога  е првиот контакт со автомобилот како визит картичка во деловниот свет.

Логото на Nissan сега се менува. Централното место и понатаму е резервирано за името на брендот и тоа низ едноставно печатени букви. Кругот притоа е прекинат, а кај електричните возила логото го осветлуваат 20 LED светилки како симбол на 20 години колу што помина од последното редизаjнирање.

Во Nissan откриваат дека идејата и потребата за промена на логото се јави уште во 2017 година кога Алфонсо Албаис, потпретседателот на Nissan за глобален дизајн, почна да ги разгледува потенцијалнит промени на логото нa Nissan и самиот идентитет на брендот. Дизајнерскиот тим го водеше Цутому Мацуо, а целта беше јасна: тенок, лесен и флексибилен.

Охрабрени од дигитализацијата како најактуелен тренд во автоиндустријата се одлучија за осветлено лого на електричните модели. Притоа мораше да се пази на законската регулатива, но и потреба логото да биде уверливо и кога не е осветлено.

Создаден е 3-D и 2-D приказ, но на крајот логото доби изведба која  еприфатлива во дигиталниот свет. Употребата на новото лого старвува овој месец, а наскоро ќе го преземат и сите канали на социјалните мрежи, како и материјалите за маркетинг.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK