Почна вториот бран: 100 вработени во Volkswagen позитивни на коронавирусот

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител започна да ги отвора фабриките во Мексико па поради тоа спроведе и колективни тестирања на вработените.

Вкупно 100 вработени на Volkswagen се позитивни на коронавирусот откако производителот спроведе масовно тестирање. Станува збор за вработени во мексиканската фабрика во Пуебла кои претставуваат 2% од вкупниот број на работници.

Volkswagen е последниот производител кој во Мексико ги рестартира фабриките, но се соочува со реален проблем во Пуебла, поради што во наредниот период во оваа фабрика каде се произведуваат и неколку модели на Audi ќе се користи само половина од капацитетот на фабриката.

Инаку мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор јавно ги критикуваше властите за одлуката која им дозволува на фабриките да го рестартираат производството.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK