Од едицијата “Не е за секого спортски автомобил” ја издвојуваме случката која се случи на Лонг Ајленд, во сојузната американска држава Њујорк.
Станува збор за двајца мажи, заинтересирани за купување на Toyota Supra. Тие од локалниот дилер на Toyota добиле примерок на тест возење, но по само 5 минути и два поминати километри направиле сообраќајна незгода.
Поради неприлагодената брзина, возачот загубил контрола и се забил во дрво при што во целост е уништен овој автомобил. Дилерот на својот Фејсбук профил соопштил дека двата мажи се во добра здравствена состојба,
Инаку овој автомобил е опремен со супре моќен мотор кој продуцира 340 КС, а до стотка забрзува за 4,3 секунди.