Популаризацијата на SUV моделите и посветеноста на производителите на развојот на овој вид на возила и натаму продолжува. Mini е последниот производител во низа кој посветено работи на ова поле, подготвувајќи при тоа два нови SUV модели.
Како што пренесуваат британските медиуми, станува збор за два SUV модели кои британскиот бренд ги развива во соработка со кинеската компанија Great Wall Motors, а кои ќе се произведуваат во Кина.
Еден од нив е електричен кросовер со пет врати опремен со SVolt батерии, а кои би можело да го носи називот Paceman, кој веќе се користи од страна на Mini. Другиот модел најверојатно ќе го носи нaзивот Traveller и ќе се позиционира над Countryman односно со големина како и BMW X3. Истиот овој модел ќе ја користи CLAR платформата.
Двата модели во продажба треба да се појават најдоцна до крајот на следната година.