Од ноќеска ќе има нови повисоки цени на нафтените деривати во земјава, кои ќе бидат поскапи вопросек за 1,98 отсо. Според новите цени утврдени од Регулаторната комисија за енергетика новите цени на горивата се следните:
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит.
Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 51,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 40,00 ден/лит.