Трета среќа за новата генерација на моделот IS. По два неуспешни обиди за премиера, новиот IS премиерно треба да биде покажан на 16 јуни.
Премиерата на овој модел требаше да се одржи на саемот во Женева во март годинава, но саемската манифестација беше одложена поради пандемијата на коронавирусот. На почетокот на овој месец беше наведено дека премиерата ќе се одржи на 9 јуни, но поради непознати причини во САД оваа премиера беше одложена.
Сега, јапонскиот производител уверува дека тоа ќе се случи на 16 јуни, а при тоа објави и ново тизер видео.
Новата, четврта генерација од моделот IS треба да ја замени актуелната која е во понудата уште од 2013 година. Од претходно е познато дека овој модел се базира на новата TNGA-L платформа.
Во однос на мотористиката овој модел доаѓа со стандардниот 3,5 литарски twin-turbo V6 мотор кој го користи и моделот LS 500. Тука ќе биде и стандардниот 2,0 литарски и 2,5 литарски V6 мотор како и хибридната верзија опремена со исто така 2,5 литарски мотор.