Домашно си е домашно: Моторот и менувачот од КамАЗ за Путинмобилот

ОБЈАВЕНО НА:

Дел од компонентите, неопходни за сериското производство на рускиот суперавтомобил Аurus Sеnаt, ќе се доставуваат од КамАЗ, ова беше објавено од страна на министерот за трговија, Денис Мантуров.

Во фабриката во Кама ќе се склопуваат моторот и менувачот на Путинмобилот.

Аurus Sеnаt ce изрaбoтувa oд околу 4.500 делови, обезбедени од 74 производители. Меѓу нив има како руски, така и странски компании. Деветстепениот автоматски менувач и мотор, сепак, се 100% руски, тврди Мантуров.

Според последната информација сериското производство на Путинмобилот треба да почне во ноември, а првите готови лимузини ќе се доставуваат во март следната година. Основната цена на Aurus Senat засега е 18 милиони рубљи (230.570 евра).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK