Првиот турски суперавтомобил ќе забрзува исто како и Ф1 болид – до стотка за 2,1 секунди

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Еlеktrоn Innоvаtiv GmbH од Турција го претстави проектот на својот прв автомобил. Електричниот суперавтомобил Еlеktrоn Оnе ќе конкурира со идниот Tеslа Rоаdstеr и хрватскиот Rimас С_Twо.

Стартапот е основан од познат турски бизнисмен и сопственик на тим од Формула Е, Армаган Арабул. Интересно е дека повеќето од деловите на автомобилот се произведени во Турција, но автомбилите ќе се произведуваат во Италија, во близина на фабриките на Fеrrаri и Lаmbоrghini.

Купето е во форма на клин и е опремено со четири мотори со вкупна моќност од 1.360 коњски сили. Електромобилот ќе може да забрзува од место до 100 км/ч за 2,1 секунди, како болидите во Формула 1.

Максималната брзина ќе надминува 400 км/ч. Во исто време цената на Еlеktrоn Оnе нема да биде превисока за сличен автомобил и ќе изнесува од 330 до 350 илјади евра. Првично Турците планираат да склопуваат по 140 автомобили секоја година.

Како резултат обемот на производството ќе достигне 500 примероци годишно. Автомобилите ќе бидат покажани во живо за време на автомобилскиот сам во Женева во март во 2021 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK