Nissаn повика на сервис 1,9 милиони возила поради хаубата

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Nissаn објави сервисна кампања за 1,9 милиони автомобили чија предна хауба може да се отвори за време на движење.

Акцијата ги засега моделот Altima од периодот 2013-2018 година. Јапонската компанија веќе повлекла возила поради истиот дефект, но некои од нив одново имаат потреба од сервис.

Проблемот е предизвикан од несигурен поклопец на бравата, кој се троши со тек на време. Местото почнува да рѓосува и делот престанува да функцонира нормално, што создава ризик за безбедно затворање на хаубата.

Од Nissаn веќе ги известиле сопствениците на Altima за неопходноста од подмачкување на проблематичниот дел за време на техничките прегледи. Инженерите на компаниајта бараат решение за отстранување на дефектот.

Среќа ваков модел не се продава во Македонија

Следете не и на:

24AUTO NETWORK