Mercedes CL 55 AMG F1 Limited Edition наполни 20 години (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Во текот на оваа година компанијата Mercedes одбележува 20 години од ласирањето на пазарот на специјалната серија CL 55 AMG F1 Limited Edition, инспирирана од автомобилот за безбедност во Формула 1 од таа ера.

Mercedes CL 55 AMG F1 Limited Edition, во ограничена серија во која биле вклучени само 55 примероци е првиот автомобил со керамички сопирачки дискови, на кој му е дозволено да се вози слободно низ светските патишта. Како резултат на иновациската технологија, сопствениците на автомобилот можеле да сметаат на невидени параметри за сериската автомобилска индустрија, а самите сопирачки дискови биле со 60% полесни во споредба со нивните челични еквиваленти.

„Најважниот дел за еден спортски автомобил не е неговиот мотор, туку сопирачките“, вели Мика Хакинен (светски шампион во Формула 1 во 1998 и 1999 година), за време на официјалното претставување на Mercedes CL 55 AMG F1 Limited Edition.

Автомобилот бил опремен со 5.5-литарски, V-образен, осумцилиндричен мотор, кој е дело на AMG, кој бил во состојба да генерира максимална моќност од 360 коњски сили при 5500/мин имаксимален вртежен момент од 530 Нм во дијапазон од 3150-4500/мин. Максималната брзина на движењето која автомобилот бил во состојба да ја развие биле 250 км/ч, но само поради тоа што бил електронски ограничен.

Во опремата на Mercedes CL 55 AMG F1 Limited Edition исто така биле вклучени специјален екстериерен пакет на AMG, 19-инчни алуминиумски тркала оптимизирани за спортско управување сопирачки систем и електронски стабилизирачка програма, специјална сребрена боја на каросеријата, контрастен тапацир на внатрешноста, спортски AMG волан и други.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK