Проблемите се решени: VW продолжи со испораката на новиот Golf

ОБЈАВЕНО НА:

Пред нешто повеќе од две недели, а на само неколку месеци од почетокот на продажбата, Volkswagen објави дека ќе започне со прекин на испораката и повлекување на моделот Golf.

Причината за ова повлекување се проблеми во софтверот кој оневозможуваат нормално функционирање на одредени функции.

Сега, Volkswagen продолжува со испораката и непречената продажба откако за многу кратко време го надмина проблемот околу спорниот софтвер, изјави портпаролот на производителот. Тој за германските медиуми изјави дека грешката е најдена и направен е успешен апдејт.

Од минатата есен вкупно 30 илјади примероци од осмата генерација на Golf беа произведени со софтверска грешка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK