Ford Bronco дебитира следниот месец

ОБЈАВЕНО НА:

Премиерата на долгоочекуваниот Ford Broncо ќе се одржи следниот месец откако во март годинава беше одложена поради пандемијата од коронавирусот. Премиерата ќе се случи во јули, а точниот датум како и локацијата останува непозната.

Во продажба доаѓа оваа година, а иако нема официјални информации во понудата се очекува да дојде со 2,3 литарски EcoBoost четири-цилиндрен мотор со 270 КС како и 2,7 литарски EcoBoost V6 мотор со 325 КС.

За разлика од техничките карактеристики кои не се потврдени, она што е потврдено е дека овој модел нема да биде дел од европската понуда на Ford.

За потсетување, називот Bronco, Ford го кроистеше за компактниот SUV кој се произведуваше и продаваше во периодот од 1965 до 1996 година, а сега, по речиси 24 години повторно ќе се врати во понудата на американскиот производител.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK