Alfa Romeo е во проблеми. Големи проблеми. Откако не успеаја да го реализираат последниот стратешки план, продажбата на овој италијански бренд продолжува да паѓа достигнувајќи рекордно ниско ниво.
Минатата година во Европа се продадени само 54.365 возила што е пад за 53,48% во споредба со 2018 година и претставува 0,35% од вкупната продажба во Европа. Во 1990 година овој бренд продаде 203.787 возила, а во 2000 година 176.389 возила.
Во првите четири месеци од годинава Alfa Romeo има испорачано 8.888 возила, а доколку продолжи и овој тренд до крајот на годината, а под влијание на коронавируост, крајната бројка ќе изнесува под 30 илјади.
Оваа продажба е очајна за бренд како Alfa Romeo и со три модели во понудата. За споредба, Lancia која во понудата ја има само Ypsilon и се продава само во Италија, за првите четири месеци продаде 12.826 возила.
Од друга страна, она што загрижува е и процесот на создавање нови модели. Последен нов модел кој Alfa Romeo го претстави беше Stelvio уште пред 4 години, а сеуште се чека и на новите генерации на Giulia и Giulietta чија своја прва генерација ќе прекине да се произведува ова лето.