Consumer Reports: Ова се автомобилите со најнесигурни мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Американската агенција Consumer Reports објави интересна анализа во која ги подреди автомобилите кои се движат низ патиштата во Северна Америка, кај кои постои најголема можност да се појават катастрофални проблеми со моторот.

Од Consumer Reports коментираат, дека проблемите со моторите кај автомобилите, иако се ретко среќавани, не само што можат да го уништат денот со сериозно задоцнување на работа или на важна бизнис средба, туку можат да доведат до исклучително сериозни трошоци за ремонт или целосна невозможност за такво нешто.

Како „лидер“ во класификацијата, која е направена на база на долгогодишната анализа на базата на податоци од Consumer Reports го поставуваат Audi A4 2.0T (2009-2010), а како значително поразумна негова алтернатива ги посочуваат верзиите 2008-2010 година на Lexus ES, 2008-2010 Infiniti G и 2009-2010 Acura TL.

Во подредувањето на Consumer Reports свое место исто така наоѓаат и Ford F-350 (2008), Chrysler PT Cruiser (2001) со алтернатива Toyota Matrix, Mini Cooper/Clubman (2008) со алтератива Mazda3, Chevrolet Equinox/GMC Terrain (2010) со алтернатива Honda CR-V и Toyota RAV4, Jeep Wrangler (2006) спроти Toyota 4Runner (2004-2008), Cadillac SRX (2010) со алтернатива Lexus RX и 2010 Acura MDX, Acura MDX (2003) спроти Lexus RX (2003-2005), Buick Lucerne (2006), GMC Acadia (2010) со алтернатива Toyota Highlander.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK