Xiаоmi почна да тестира 6G мрежи

ОБЈАВЕНО НА:

Според кинеската компанија Xiaomi можно е автомобилските компании кои имаат за цел да произведуваат автомобили со 5G технологијата да прават грешка. Од Xiaomi сметаат дека иднината на автомобилите е во 6G мрежите. Факт е дека тестирањата на 6G се веќе почнати и допрва се чекаат резултатите.

Xiаоmi инвecтирa мнoгу пари во развојот на овие мрежи. Основниот плус на 6G е брзината а преносот на информациите. За споредба со 5G, новата технологија ветува зголемување на брзината од 500 до 800 пати.

Очигледно е дека воведувањето на 6G технологијата ќе ги направи автомобилите целосно автономни (специјалистите тврдат дека и 5G ќе биде доволен за тоа). Сепак, не може да се мисли дека 6G ќе се појави уште утре. Се предвидува дека примената на светско ниво ќе се случи едвај кон крајот на оваа деценија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK