Kia пушта автомобил за 6.000 евра, дали тоа е крај на скапите возила?

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската компанија од Кореја го потврди развојот на многу евтин електромобил. Раководителот на европската филијала на Кia, Емилио Херера изјави дека компанијата ја разгледува можноста за производтво на мал градски електромобил, кој би бил алтернатива на јавниот градскиот електричен транспорт.

Топ менаџерот потцрта дека градскиот автомобил Сitrоеn Аmi ќе чини 6.000 евра, а алтернативата од Kiа ќе биде конкурентна со него. Во интервјуто за Аutо Еxprеss, Eмилиo Хeрeрa исто така најави дека развојот на многу евтин електромобил е поттикнато од пандемијата од коронавирусот и од дебито на Сitrоеn Аmi.

Експертот вели дека луѓето имаат потреба од алтернатива на јавниот превоз, за да се чувствуваат безбедни така што корејската компанија е уверена во „реалниот потенцијал“ на малите електромобили. Според раководителот на европската филијала на Kia жителите во градовите ќе бидат целната група за новиот електромобил така што од автомобилот не се очекува голема километража и уникатни динамични карактеристики.

Херера исто така стави до знаење дека претплатата за електромобилот на Kiа ќе чини колку и влезница за градскиот транспорт и компанијата ќе понуди различни опции за изнајмување на градскиот автомобил. Со оглед на тоа што компанијата од Кореја планира да му конкурира на Сitrоеn Аmi, може да се претпостави дека и цените за набавка и за изнајмување се идентични.

Францускиот евтин електромобил во Европа чини околу 6.000 евра, а месечно изјамување е 20 евра со депозит од 2641 евро. При споделување на автомобили Сitrоеn Аmi, услугата чини 26 центи (евро) на минута. После изјавата на Херера, според сите работи наликува дека малиот електромобил на Kia едвај ли е биде поскап од 6.000 евра. Новиот електромобил на Kia ќе се појави во 2021 или 2022 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK