Цели пет месеци Euro NCAP нема спроведено краш тест. За прв пат од формирањето на оваа организација. Но, тоа не е причина да се потсетиме на најбезбедните електрични и хибридни возила.
Технолошката надмоќ на EV возилата во однос на оние традиционалните се огледа и во безбедноста и сигурноста. Така, сите електрични и хибридни возила, со исклучок на Seat Mii, VW up!, Skoda Citigo и Aiways U5 имаат остварено пет ѕвезди со високи резултати.
Изненадувачки, но повеќе од заслужено, најбезбедно возило во оваа конкуренција е Subaru Forester. Ова возило доби максимални пет ѕвезди, благодарение на одличниот скор: безбедност на возачот – 97%, безбедност на децата на задната клупа – 91%, безбедност на пешаците 80%, асистенција на возачот 78%.
На следните две позиции се наоѓаат моделите 3 и X на Tesla со исто така супериорни перформанси. Следува Mazda 3 на четвртата и Lexus UX на петтата позиција.
Во топ 10 најбезбедни и најсигурни електрични и хибридни возила се наоѓаат уште и Toyota Corolla, Toyota RAV4, Mercedes EQC, Audi e-tron и Honda CR-V.