DS7 Crossback, Peugeot 3008 и 508 – сите со ист дефект

ОБЈАВЕНО НА:

Според последниот извештај на ЕУ Системот за брзо предупредување за опаснос за непрехранбени продукти, три француски модели на PSA се најдоа на листата и ќе треба утврдениот дефект да им биде отстранет во сервис – бесплатно за сите нивни сопственици. Односно на серијата што е утвредено дека го има проблемот што е воочен.

Се работи за моделите DS7 Crossback, Peugeot 3008 и Peugeot 508. Во известувањето од ЕУ се вели дека “спојката на задната оска може да биде неисправна. Ова може да влијае на стабилноста на возењето, и го зголемува ризикот од несреќа“.

Сите возила каде е утврден дефектот се произведени во периодот од октомври 2019 до јануари 2020 година. Локалните дилери каде истите се продадени треба да ги повикаат сопствениците и да им го отстранат дефектот.

Моделите се произведени во Франција, првиот аларм за можниот проблем бил од Германија, а вакви модели биле пронајдени и во Полска.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK