По пронаоѓањето на првиот автомобил во светот од страна на германскиот пронаоѓач Karl Benz во 1886 година, тој секојдневно вршел испитувања и тестирања за подобрување на перформансите на автомобилот.
Karl Benz заедно со Bertha, која не била само негова сопруга, туку и главен инвеститор во нивната фабрика, постојано вршеле тестирања на автомобилот, поради што успеваат во следните неколку години да произведат 2 сосема нови, технички унапредени возила, за кои веќе имале голем број нарачки, од неколку салони за велосипеди во Франција.
Но, се појавил проблем, односно жителите на градот, Манхајм каде се наоѓала нивната фабрика, почнале да се жалат на големата бучава и чадот кој го произведувал автомобилот. се барало начин, како да се регулира користењето на автомобилот.
Од таа причина, во 1888 година, властите на тогашното Големо Војводство на Баден, под чија управа спаѓал градот, издаваат писмена дозвола за користење на автомобилот на јавни патишта, Führerschein.
Дозволата ја добива токму Karl Benz.
Оттогаш издавањето дозвола за корстење автомобил, станува пракса во целиот свет.