Коронавирусот и рестриктивните мерки имаа големо влијание и врз македонскиот пазар на автомобили.
Според официјалните податоци објавени од страна на Царинската управа на Македонија, во април се увезезни само 922 патнички автомобили што е најмалку споредбено со било кој месец во последните 11 години.
Од нив, само 205 се нови автомобили што е најмалку од јануари 2016 година кога беа увезени само 193 нови автомобили.
Рекорден пад има и кај употребуваните автомобили. Во април се увезени само 621 што е најмалку од јануари 2010 година кога беа увезени само 227 употребувани автомобили.
Само за споредба, во април минатата година биле увезени вкупно 4.012 автомобили од кои 575 нови, а ппреостанатите 3.109 употребувани.