За летово – Во Грција само преку еден граничен премин

ОБЈАВЕНО НА:

Хотелиерите во северниот дел на Грција сакаат да се отворат повеќе гранични премини, пред почетокот на туристичката сезона, но владата не е подготвена да отвори повеќе од четири. Заменик министерот за областа Македонија и Тракија, во Грција, Теодорос Караоглу изрази загриженост за состојбата на граничните премини во северниот дел на Грција и прашањата поврзани со отворањето на границите.

Во разговорот со државната новинска агенција Амна во вторникот, Караоглу предложи отворање само на четири гранични контролни пунктови кои ја имаат потребната инфраструктура за спроведување на царински проверки. Тој предложи отворање на Кристалопиги, Евзони, Промахонас и Кипи, кои ја поврзуваат Грција со Македонија, Бугарија и Турција.

Во исто време, хотелиерите чекаат на конечна одлука за отворање на границите, бидејќи околу 8 милиони туристи дошле во Грција минатата година. Сојузот на хотелиери, истакна дека “посетителите и туристите треба да направат тест за COVID-19 во нивните земји и да не бидат предмет на посебна постапка кога влегуваат во Грција”, објави Амна.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK