Ново зголемување: Бензинот и дизелот поскапи за 3,5 денари

ОБЈАВЕНО НА:

Регулаторната комисија ги објави цените за горивата што ќе важат оваа недела. Предвидено е зголемување од 3,5 денари.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и
малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 3,50 денари/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 54,00 ден/лит.
Mалопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98
изнесува 56,00 ден/лит.

Mалопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 45,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 2,50 денари/литар и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), изнесува 33,50 ден/лит.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK