Оваа 2020 година е од големо значење за Mazda. Токму оваа година се одбележуваат 100 години од основањето на оваа јапонска компанија.
Toyo Cork Kogyo Co, а подоцна Mazda, започна со работа на 30 јануари во далечната 1920 година Јухиро Мацуда ја започна приказната за овој јапонски производител. Во овие 100 години соочувајќи се со бројни предизвици, Mazda прерасна во бренд-синоним за квалитет и совршенство.
Со цел да го одбележи овој голем јубилеј, Mazda на својот YouTube канал објави кратко видео. Во видеото не се прикажани автомобили од минатото, напротив, прикажани се автомобили од актуелната понуда кои возат на најразлични терени во Норвешка, Русија и други земји.
Велат дека првите 100 години се најтешки. Сега претстои „лесниот период“ за Mazda.