Volkswagen го одложи рестартот на производството во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Иако со производство требаше да продолжи на 3 мај, сепак американската дивизија на Volkswagen донесе одлука за одложување на рестартот.

Во соопштението на компанијата се наведува дека одложувањето следува откако било утврдено дека одредени добавувачи не се спремни за наверемено доставување на компонентите.

Новиот датум дополнително ќе биде обелоденет, но се шпекулира дека тоа ќе биде последната недела од месец мај.

Инаку произодството во фабриките на Volkswagen во САД беше прекинато на 21 март поради пандемијата од коронавирусот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK