Hyundai во проблеми – си замина главниот дизајнер

ОБЈАВЕНО НА:

Јужнокорејскиот производител Hyundai Motors во чиј рамки егзистираат брендовите Hyundai, Kia и Genesis остана без Лук Донкервоолке – главен дизајнер на брендот Genesis

Причините за заминувањето се од лична причина, потврдува самиот Лук, но и Hyundai. “Беше чест и привилегија да допринесам во обликувањето на иднината на Hyundai, Kia и Genesis” изјави Донкерволке при тоа заблагодарувајќи и се на компанијата за укажаната шанса и прогресот.

Белгискиот дизајнер кој е родум од Перу, во ноември 2015 година беше назначен за дизајнер на Hyundai, а од 2016 година е назначен за главен дизајнер на Genesis.Тој е најзаслужен за изгледот на Hyundai Kоna, Hyundai allisade, Genesis GV80, Genesis G80, Genesis G90 и други модели од брендовите на Kia, Hyundai и Genesis.

Засега не е позната иднината на овој дизајнер, а ниту неговата замена.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK