Романската автоиндустрија со огромни загуби

ОБЈАВЕНО НА:

Романската автоиндустрија бележи огромни загуби – коронавирусот е причината за дневни загуби од дури 124 милиони евра, пренесуваат романските медиуми.

Здружението на производители кое ги брифираше овие податоци наведува дека доколку прекинот и понатаму продолжи крајните загуби може да изнесуваат дури 5 милијарди евра.

Во оваа земја свои производствени капацитети имаат Ford и Dacia. Американскиот производител своите операции ги спроведува во фабриката во близина на Крајова каде се произведуваат моделите Puma и EcoSport. Националната гордост пак, има фабрика само во Миовени каде произведуваат бројни модели.

Оттука, останува неизвесно кога овие производители ќе го рестартираат своето производство, нешто што треба да се направи во најбрзо време бидејќи романските економисти наведуваат дека тоа значително може да ја погоди националната економија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK