© London News Pictures. 07/09/2012. Windsor, UK . The 1969 Aston Martin DB6 Voltane, driven by Prince William and The Duchess of CAmbridge after their wedding, one of 60 of the rarest motorcars from around the world at Windsor Castle in Berkshire for the WIndsor Castle Concours Of Elegance on September 07, 2012. The three day event is open to the public on Saturday and Sunday. Photo credit: Ben Cawthra/LNP

Откажан и годинешниот настан на Pebble Beach Concours d’Elegance

ОБЈАВЕНО НА:

Оваа година ќе биде посиромашна за уште еден настан во авто-мото индустријата. Станува збор за Pebble Beach Concours d’Elegance, настан кој традиционално секоја година се одржува во Калифорнија.

Причината за одложувањето на овогодинешното јубилејно 70-то издание е и повеќе од јасна – кризата предизивката од коронавирусот.

Организаторите наведуваат дека јубилејот ќе се слави следната година за кога е и презакажан настанот. Истиот ќе започне на 15 август 2021 година, а програмата ќе биде идентична како и онаа која требаше да се спроведе годинава.

Инаку овој настан кој добива на се поголема популарност за прв пат се одржал во 1951 година. Во последните неколку децении на овој настан се прикажани најретките автомобили во светот, се одржуваат интересни и несекојдневни трки, а на настанот присуствуваат стотици илјади учесници.

При тоа, покрај многуте други, се доделува и награда за најдобар автомобил кој најчесто е олдтајмер.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK