Организирал илегални трки за време на пандемнија – и нормално си доби казна

ОБЈАВЕНО НА:

Јео Џинг Ченг, државјанин на Сингапур беше прогласен за виновен за организирање на илегални трки за време на пандемија од коронавирус при што доби релативно строга казна.

Тој организирал и спроведол илегална ноќна трка за време на пандемија со коронавирус во Сингапур при што се собрале повеќе од 50 учесници.

Полицијата успеала веднаш да го уапси, а судот наместо за организирање на илегални трки му изрече казна за свесно ширење на коронавирусот. При тоа осуден е на шест месеци затвор, а ќе треба да плати и 10.000 американски долари.

Инаку ова не единствен случај за организирање на трки. Се повеќе се искористуваат празните улици за организирање на трки во САД, Канада, Германија, Франција, Велика Британија и други земји.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK