За разлика денес кога на улиците низ македонските градови среќаваме најразлични автомобили, во Југославија, пред се поради тогашната состојба на автомобилската индустрија во Европа, не може да се каже дека имало разноликост на улиците.
Далеку најпопуларен автомобил бил Zastava 750, народски познат како Фиќо. Ова бил далеку најпопуларниот автомобил, особено во 60-те години на минатиот век. Тука е и популарниот Стојадин или Zastava 101. Двата овие автомобили просто владееле со улиците во Југославија во 60-те и 70-те години.
Подоцна на сцена доаѓа и неприкосновеното Yugo кое особено е популарно во 80-те години.
Меѓу популарните автомобили, особено во тогашната СР Босна и Херцеговина беше и Golf 1. Причината за оваа популарност лежи во тоа што од 1976 година до 1985 година во фабриката ТАС Сараево се произведуваше токму овој модел, а во 1985 година започна производството и на втората генерација.
Секако, покрај овие автомобили чија популарност била голема, помалку популарни, но забележителни биле Trabant, Wartburg, Citroen 2CV и по некој автомобил на Opel, Renault, Fiat, Alfa Romeo.