Најпопуларниот сајт за продажба на половни автомобили mobile.de објави интересни статистики за купувањетo половни автомобили за март годинава.
Според германскиот сајт, во март годинава е забележан зголемен интерес за половни дизелаши со Еuro 4 и Euro 5 стандарди и старост од 5 до 11 години.
Засега не е позната причината за овој неочекуван интерес, но јасно е дека токму овој интерес придонесе да и цената на овие половни автомобили во март годинава се зголеми за 7,2% споредбено со истиот месец минатата година.
Сајтот истовремено во својата анализа наведува и дека во салоните односно плацовите, половните дизелаши со Euro 4 стандард за издувни гасови стојат во просек по 40 денови додека оние со Euro 6 до 65 денови.