Симпатичен SUV што нема да може да го купат Европејци

ОБЈАВЕНО НА:

Додека Европа мака мачи со коронавирусот, а активностите на европските производители се сведени на минимум, кинескиот производител Roewe кој е во сопственост на SAIC го објави обновениот модел RX5.

Станува збор за Plus верзијата на моделот RX5 кој се базира на SAIC Scalable платформата. При тоа должината на овој SUV изнесува 4.556 мм, ширината 1.855 мм, висината 1.719 мм додека пак меѓуоскиното растојание изнесува 2.700 мм.

Во однос на мотористиката понудени ќе бидат два турбо бензински мотори. Првиот 1.5 TGI со 169 КС, а вториот е 2.0 литарски TGI мотор со 220 КС. При тоа во понудата има и plug-in хибридна верзија која располага со 220 КС како и целосно електрична верзија со 116 КС и автономија од нешто повеќе од 300 км.

Roewe RX5 Plus

Официјалната премиера на овој модел е закажана за во јуни. Она што е сигурно е дека Roewe RX5 Plus ќе се продава само на кинескиот пазар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK