AutoExpress и оваа година спроведе истражување за тоа од кои автомобили се најзадоволни сопствениците во Велика Британија. Слично како и минатата година најзадоволни се сопствениците на автомобили од азијските производители.
Така со процент од задоволство од 92.05% најголемо задоволство искажале сопствениците на Kia Sorento. На втората позиција со 0.01% помало задоволство се оние кои возат Peugeot 3008 додека најдобрата тројка ја сочинува уште и Lexus RX.
На четвртата позиција следи уште еден модел на Kia. Станува збор за Niro, а 91.82% од сопствениците на овој модел го искажале своето задоволство. 91.75% од сосптвениците на Mazda CX-5 се задоволни што го сместува овој модел на петата позиција.
На листата од топ 10 автомобили чиј сопственици се најмногу задоволни се наоѓаат уште и: Skoda Kodiaq, Toyota Corolla, Lexus IS, Hyundai Ioniq Mk1 и Skoda Superb.
Од друга страна од вкупно 75-те модели опфатени во ова истражување, најмалку задоволни се сопствениците на Ford Fiesta, Citroen C1, Citroen C4 Cactus, MG 3 и Renault Captur.